Lenovo Vibe Shot наскоро со поевтин модел и моќна камера

Објавено на 20.04.2015 во Новости



Lenovo Vibe Shot наскоро со поевтин модел и моќна камера

Lenovo Vibe Shot е еден од најдобро креираните камери-смартфони со тенко тело во кое е сместена моќна камера со сензор од 16 мегапиксели, троен LED блиц и оптички стабилизатор на сликата. Сега се открива дека ќе биде подготвен и поевтин модел со HD 720p дисплеј, наместо со Full HD резолуција што ќе биде мал компромис, но затоа пак ќе ја спушти цената.
 
 
Lenovo Vibe Shot 720p исто така се очекува да работи со 64 bit-octa core Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 3 GB RAM и 32 GB меморија, тенко тело од 7.6 милиметри и Android 5.0 Lollipop оперативен систем, со цена од помалку од 300 долари.




Прочитајте повеќе: