Oppo R7 остро ќе нападне во премиум класата

Објавено на 20.04.2015 во Новости



Oppo R7 остро ќе нападне во премиум класата

Oppo го подготвува најновиот смартфон Oppo R7 кој ќе се издвојува од конкурентите со остриот дизајн со целосна искористеност на предната страна каде околу екранот воопшто нема да има никаква рамка. Целосниот екран ќе има големина од 5.5 инчи со Full HD резолуција и сега повторно добиваме повеќе протечени слики.
 
 
Oppo R7 се претпоставува дека ќе располага и со моќен 64 битен осум јадрен процесор на Mediatek со 3 GB RAM, 32 GB меморија, 20.7 мегапикселна камера, како и супер батерија со капацитет од над 3000 mAh. Промоцијата на Oppo R7 ја очекуваме во текот на мај и се надеваме дека неговата цена нема да надмине над 400 долари.