Повторно има редици од фанови за Apple Watch

Објавено на 24.04.2015 во Смарт часовници



Повторно има редици од фанови за Apple Watch

За премиерата на Apple Watch фановите немаа можност да кампуваат пред продавниците на Apple чекајќи да излезе новиот часовник и токму тие да ја имаат привилегијата први да го купат, но компанијата ја промени тактиката и одлучи сепак, часовиците да се продаваат физички во продавниците наместо само преку интернет.
 
 
Тоа беше доволен повод за најтврдокорните Apple фанови веднаш да се упатат во Западен Холивуд каде ексклузивно ќе се продава Apple Watch и уште вчера ги поставија камповите во кои ќе престојуваат цел додека денес не се отвори продавницата. 
 
 
Apple Watch е првиот нов уред на Apple по подолго време и нема сомневање дека неговите први примероци ќе се препродаваат на eBay за илјадници долари поскапо со оглед на високата колекционерска и сентиментална вредност. Инаку Apple Watch ќе чини 350 долари за основниот модел, додека најскапиот со позлатено тело ќе достигне цена и до 17.000 долари.