Samsung го потврди новиот 3G смарт часовник

Објавено на 24.04.2015 во Смарт часовници



Samsung го потврди новиот 3G смарт часовник

Samsung конечно потврди дека работи на нов смарт часовник кој ќе има кружна форма и ќе работи со 3G конекција за самостојни функции без потреба од поврзување со телефон. 
 
 
Часовникот претходно беше споменуван како дел од проектот Orbis, но сега е речиси сигурно дека ќе биде дел од Samsung Gear серијата на смарт часовници, ќе има копче за навигација, ќе работи на Tizen OS и ќе понуди голем број на самостојни апликации.
 
 
 Samsung Gear A часовникот очекуваме да се појави на пазарот на почетокот на летото како еден од најголемите конкуренти на Apple Watch.