Запознавање со Lenovo S90 - Вистински убавец со убиствен сетап

Објавено на 24.04.2015 во Новости



Запознавање со Lenovo S90 - Вистински убавец со убиствен сетап

Lenovo знае како да си „игра“ со материјалите на изработка, па откако ни го претстави трислојниот Vibe X2 и хеви металецот Vibe Z2 Pro, сега успеа да го постигне истото ниво на квалитет и во средната класа со Lenovo S90 кој доаѓа со алуминиумска позадина со платинеста, сребрена и златна боја, цврсто изработена рамка и многу тенко тело од само 6.9 милиметри. Тоа го прави Lenovo S90 многу удобен за држење во раката и се добива истото премиум чувство како кај iPhone 6 или HTC One M8.

HD Super AMOLED дисплеј

Покрај квалитетниот дизајн Lenovo S90 се издвојува и со примената на Super AMOLED дисплејот со големина од 5 инчи и HD резолуција од 1280 х 720 пиксели. Super AMOLED дисплејот го карактеризира тенкиот профил, малото трошење на батеријата, природните бои како и високиот степен на осветленост, па затоа нема да се соочите со никакви проблеми со видливоста.

 13MP задна и 8MP предна камера за супер селфи

Со овој сетап Lenovo S90 се покажува како еден од најдобрите смартфони во средната класа за користење на мултимедијални содржини, а истото важи и за одличната 13 мегапикселна камера со LED блиц и ефикасен HDR режим на сликање. За фановите на селфи фотки најдобра вест ќе биде употребата на 8 мегапикселна камера на предната страна која прави супер фотки и при слаба осветленост.

Брз, сигурен и со точни реакции

Lenovo S90 не изостанува и во делот на перформансите со активирањето на 64-битниот Qualcomm Snapdragon 410 процесор со четири Cortex A53 јадра, кои се идеални за брза работа со апликации, непречен гејминг со повисоки графички перформанси и брза транзиција низ софтверот. Меморијата е составена од два пакети со 1 GB RAM и 16 ROM или 2 GB RAM и 32 GB ROM.

32 GB меморија за цела мултимедија

Со 32 GB меморија можете да ги понесете со себе сите свои слики, музика, игри и видео. Доколку уживате во сликањето и барате телефон со одлична камера, супер дизајн и стабилни перформанси - смартфонот Lenovo S90 е токму за вас!

Автор: Aleksandar Stankov