Како да препознаете клониран телефон

Објавено на 25.04.2015 во Туториали



Како да препознаете клониран телефон

Од Азија пристигнуваат голем број на квалитетно изработени клонови на најпознатите Android смартфони и со пониските цени може да измамат многумина кои не се упатени во развојот на моделите кои постојано се менуваат. Најлесно ќе го препознаете клонираниот смартфон со карактеристиките на дизајн и штуро наместените звучници, странични копчиња и поставеноста на камерата и LED блицот.
 
 
Сепак, има и многу екстра клонови кои изгледаат идентично како Samsung Galaxy S6, HTC One или LG G3, па затоа најдобро ќе процените со апликацијата Antutu Oficer. Откако ќе го тестирате смартфонот со Antutu Oficer ќе ги добиете сите информации за производството на клонот и неговиот број кој не се поклупува со официјалниот бренд. 
 
 
За да го скенирате смартфонот треба да го отчитате посебниот QR код обезбеден од Antutu Oficer за секој смартфон посебно и него може да го прикажете на било кој дисплеј. Наш совет е да внимавате со телефони кои се продаваат на тезги или пак со испораките од интернет од голем број на сомнителни кинески сајтови.
Автор: Aleksandar Stankov