Лукзсузниот LG Watch Urbane пуштен во продажба

Објавено на 27.04.2015 во Смарт часовници



Лукзсузниот LG Watch Urbane пуштен во продажба

LG ја започна продажбата на LG Watch Urbane еден од најлуксузните Android часовници кој чини 365 долари и е речиси во истиот ценовен ранг со основниот модел на Apple Watch, но со мали предности во дизајнот. LG Watch Urbane исто така ќе може да се порача онлајн, а ќе биде дел и од понудата во Google Play Store, како еден од најдобрите Android Wear часовници.
 
 
LG Watch Urbane да потсетиме дека има кружен P-OLED дисплеј со резолуција од 320 x 320 пиксели, работи на четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 400 процесор, со 512 MB RAM, 4 GB меморија, батерија со капацитет од 410 mAh, водоотпорен сертификат и фитнес сензори.