BlackBerry го враќа во мода телефонот на лизгање

Објавено на 28.04.2015 во Новости



BlackBerry го враќа во мода телефонот на лизгање

BlackBerry на шега е нарекува диносаурсот меѓу производителите со ретро смартфони, но освен фраќањето на физичката тастатура од BlackBerry доаѓа уште едно изненадување, а тоа е телефон на лизгање кој ќе има тастатура и екран на допир.
 
 
Од протечените слики се забележува уште една интересна карактеристика на BlackBerry Slider смартфонот, а тоа е заобленоста на дисплејот од страните слично како кај Samsung Galaxy S6. BlackBerry Slider ќе има 5.1 инчен Quad HD дисплеј, осум-јадрен процесор, 16 мегапикселна камера, како и супер батерија со капацитет од 3650 mAh, што говори дека станува збор за моќен смартфон.
 
Овој концепт изгледа навистина привлечно за сите традиционални фанови на BlackBerry кои со смартфонот ќе добијат два важни елементи, а тоа е модерен дисплеј на допир и дополнителна QWERTY тастатура која може да послужи за брзо пишување и внес на податоци. 
Автор: Aleksandar Stankov