Spartan прерасна во новиот Microsoft Edge Browser

Објавено на 30.04.2015 во Новости



Spartan прерасна во новиот Microsoft Edge Browser

Новиот интернет прелистувач кој досега ни беше познат под името Project Spartan прерасна во Microsoft Edge и ќе биде официјалната замена за „античкиот“ Internet Explorer во најновата верзија на оперативниот систем Windows 10.
 
 
Освен промената на името за Microsoft Edge дознаваме и нови детали и функции пред се во делот за New Tab каде покрај кратенки до најчесто користените страници ќе бидат поставени и виџети за временска прогноза, информации и социјални мрежи. 
 
 
Microsoft Edge ветува квалитетна услуга со примена на гласовниот асистент Cortana за гласовно пребарување низ интернет и организација на плановите и обврските со потсетници. Microsoft Edge ќе пристигне заедно со Windows 10 во наредните месеци.