Откријте го Lenovo S580 - Супер смартфон за брз старт

Објавено на 01.05.2015 во Новости



Откријте го Lenovo S580 - Супер смартфон за брз старт

Lenovo повторно докажува дека знае како да ја избалансира својата понуда на смартфони кои не се премногу скапи, а притоа нудат многу пристојни перформанси. Токму таков е и Lenovo S580, со одлична комбинација на 5 инчен HD дисплеј и четири-јадрен процесор што го прават пристапен за голем број на корисници и задоволување на сите модерни потреби за софтвер, игри и апликации.

5 инчен HD дисплеј

Lenovo S580 како што напоменавме има 5 инчен HD дисплеј со резолуција од 1280 х 720 пиксели што доведува до одлична видливост на сите детали, а IPS дисплејот дава дополнителна острина и точен распоред на боите. Со ваков дисплеј со уживање ќе гледате видеа во HD резолуција, а добро ќе ви оди и со 3D мобилните игри од новата генерација бидејќи имате прегледност од 180 степени.

Брз четири-јадрен Qualcomm Snapdragon 200 процесор

Хардверот има мали компромиси за достигнување на идеалната цена (од 180 евра), но тоа е речиси незабележително за четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 200 процесор од 1.2 GHz и 2 GB RAM за мултитаскинг. Меморискиот капацитет изнесува 8 GB што е сосема доволно за голем број на слики, видеа, песни и инсталирање на апликации, а ако сакате повеќе игри истовремено може да користите и microSD картичка со капацитет до 32 GB.

8 мегапикселна камерасо LED блиц

Камерата располага со LED блиц и сензор од 8 мегапиксели за детални слики и снимање на HD видеа, од милтимедијата присутно е и TBC радио, додека за поврзување имате можност за работа со две SIM картички. Батеријата која има назначен капацитет од 2150 mAh обезбедува околу 14 часа во 3G разговор.

Две SIM карти

Можноста за двe SIM карти во еден смартфон е исклучително корисна кога сакате да ја поделите работата од задоволството, кога патувате до различни држави или едноставно кога сакате да ги искористите предностите на различни мобилни оператори, за да заштедите средства.





Прочитајте повеќе: