Цената на Windows 10 е се уште мистерија

Објавено на 03.05.2015 во Новости



Цената на Windows 10 е се уште мистерија

Microsoft им дозволи на медиумите еуфорично да пренесуваат дека надградбата со новиот оперативен систем Windows 10 ќе биде бесплатна во првата година и истото ќе важи и за корисниците кои дотогаш имале пиратски софтвер, но од компанијата се уште не се изјасниле дали овие информации се целосно точни.
 
 
Microsoft во последно време се предомислува за бесплатниот Windows 10 бидејќи проценува дека голем дел од приходите ќе опаднат поради претходните високи годишни претплати и постои реална можност да го погази ветувањето и да наплаќа до 200 долари годишно откако ќе помине бесплатниот период.
 
 
За Windows 10 се уште не е поставен ниту датум на пуштање во употреба, а од Microsoft пренесуваат дека за почеток корисниците ќе добијат голем број на новитети кои ќе може да ги користат бесплатно во долг период.