HTC One M9 доби екстра надградба на камерата

Објавено на 04.05.2015 во Новости



HTC One M9 доби екстра надградба на камерата

HTC One M9 можеби не воодушеви многумина но, затоа пак сите ги убеди дека има супер квалитетна 20 мегапикселна камера која носи голем број на подобрувања од претходниот модел и во апаратурата и во самиот интерфејс кој е пребогат со многу ефекти. 
 
 
За да бидат работите уште подобри HTC One M9 доби нова надградба на камерата која сега ќе може да прави слики во RAW формат слично како кај дигиталните фото апарати за целосна контрола врз сите параметри како фокусот, експозицијата, осветленоста, контрастот, балансот на бело и изразот на боите. 
 
 
RAW фајлот е многу подобар од JPEG бидејќи нема вештачка комбинација на пикселите од компјутерскиот сензор, туку самите може да ги одредите и подобрите, на многу повисоко ниво. Новата HTC Camera е достапна за превземање од Play Store за HTC One M9.
 
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: