Password Alert за Chrome ќе ви ги заштити профилите
Објавено на 04.05.2015 во Новости
Google ја промовираше новата екстезија Password Alert која е бесплатна за користење со Chrome прелистувачот и ќе ви помогне во заштита на вашите Google профили од меил сервисите, социјалните мрежи и мобилните апликации во случај некој да се обиде да ви ја пробие шифрата и да се логира наместо вас.
Password Alert ќе регистрира дел од вашата шифра за било кој профил кој ќе го одберете и ќе ве предупреди кога ќе се логирате на „фишинг“ односно, лажен сајт или сервис каде може да ви ја копираат и злоупотребат шифрата. Затоа внимавајте на мејловите кои ви пристигнуваат со сомнителна содржина за повторно логирање или ресетирање на шифрата, а Password Alert сигурно ќе ви помогне подобро да се заштитите.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.