Срушен е митот дека Apple Mac не фаќа вируси

Објавено на 04.05.2015 во Новости



Срушен е митот дека Apple Mac не фаќа вируси

Apple сака да се фали дека нивните оперативни системи за мобилен и PC едноставно не фаќаат вируси и се целосно безбедни, но овој урбан мит мора да биде срушен бидејќи тоа е голема лага. Експертие за IT безбедност од најдобрите антивирусни програми објаснуваат дека корисниците на OS X и iOs се на мета на хакерите и постои сериозен malware (штетен софтвер) кој може да ги загрози, а Apple е неверојатно бавен во реакциите и надградбата на слабостите на системот оди многу тешко.
 
 
Проблемот е во перцепцијата пред се. Microsoft мораше напорно да работи во делот на заштитата и токму затоа се добива впечаток дека Windows за PC постојано е на мета на хакерски напади, но решението на проблемот стигнува многу брзо. Од друга страна Mac корисниците немаат антивирусни програми и често нападите со штетен софтвер не се пријавени и статистиката е во полза на Apple.
 
 
Затоа најголема штета трпат корисниците бидејќи упорните хакери ќе откријат начини како да ги заобиколат безбедносните мерки на OS X и iOs и без антивирус проблемот ќе биде уште поголем. На OS X и iOs им се препорачува да не остават ништо на убавите фалби на Apple и да внимаваат какви веб страни посетуваат, какви апликации инсталираат, да не кликаат на сомнителни и спам мејлови и да избегнуваат програми од непознати извори.