Валкана игра на Apple - План за забрана на бесплатна музика
Објавено на 05.05.2015 во Новости
Apple е под сериозна истра од Американското министерство за правда за нелојална конкуренција и вршење притисок врз продуцентските куќи за намалување на бесплатната музика на сервиси како Spotify и YouTube. Apple планира наскоро да го лансира новиот музички сервис во соработка со Beats Music и за таа цел прави големи напори да ја уништи конкуренцијата.
Според извори од музичката индустрија Apple сака огромни профити и лобира за намалување на износот на авторски права за артистите, а притоа форсира систем на наплата кој ќе мора да го следат сите конкуренти како Spotify, Tidal, Pandora и останатите.
Музичарите ќе бидат притиснати од продуцентите да го намалат пласманот на бесплатна музика, а за возврат ќе добијат поголема гаранција дека ќе им бидат исплатени надоместоци за купената музика од фановите. Своја истрага за истиот случај води и Европската комисија, па нивните заклучоци само ќе го зголемат притисокот врз Apple кој има огромен буџет со кој врши притисоци при склучување на нови договори за Beats Music сервисот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.