Наскоро атракција со Motorola Moto X 3

Објавено на 06.05.2015 во Новости



Наскоро атракција со Motorola Moto X 3

Motorola не се откажува од веќе добро познатата серија на Х смартфони која ќе го добие и третиот наследник со сличен коценпт на понуда на супер квалитетни компоненти по за нијанса пониска цена од големата конкуренција. 
 
 
Според првичните информации Motorola Moto X 3 или наречен Motorola Moto X 2015 наскоро ќе се појави со 5.2 инчен AMOLED дисплеј, ќе работи на шест-јадрен Qualcomm Snapdragon 808 процесор, ќе има импресивни 4 GB RAM, 32 GB меморија, 16 мегапикселна камера, како и екстра батерија со капацитет од 3280 mAh. 
 
Motorola Moto X 3 ќе биде пуштен во продажба во септември, а цената ќе се движи до 600 долари.