Apple под принуда со бесплатна музика

Објавено на 10.05.2015 во Новости



Apple под принуда со бесплатна музика

Apple се уште не го промовирал новиот музички сервис во соработка со Beats Music за кој плати рекордни 3 милијарди долари, но уште сега има големи проблеми пред се од властите кои вршат истрага за нелојална конкуренција, мобинг и нечесно пазарно однесување. Затoа, Apple ќе мора да се повлече од агресивниот план и да понуди бесплатни музички содржини.
 
 
Сега, по интервенцијата на властите Apple ќе мора да се повлече и да понуди модел на претплата на се уште ненајавениот Apple Beats музички сервис заедно со можност за промотивни бесплатни содржнини.
 
 
Apple беше обвинет дека врши притисоци вез продуцентите и музичарите да не дозволуваат достава на бесплатна музика до сервиси како Spotify и YouTube и се заканувал дека ќе им ги намали авторските права и нема да склучи со нив нови договори за пласман во iTunes. 




Прочитајте повеќе: