CHIP е микро компјутер за само 9 долари

Објавено на 12.05.2015 во Новости



CHIP е микро компјутер за само 9 долари

CHIP ќе ги воодушеви компјутерските активисти со цената од само 9 долари за кои добивате целосно функционална декстоп конфигурација која работи на Linux оперативен систем и преку Bluetooth и Wi-Fi може да се поврзе со маус, тастатура и надворешни уреди.
 
 
CHIP има пински конектор за било кој монитор, а работи со процесор од 1 GHz, 512 MB RAM, како и 4 GB меморија. Со CHIP може да уредувате документи во LibreOffice, да сурфате на интернет и да играте видео игри. 
 
 
Пласманот на CHIP се одвива преку KickStarter каде се собрани околу 1 милион долари и микро компјутерот ќе биде пуштен во продажба на почетокот на 2016-та година.
Автор: Aleksandar Stankov