Европски оператори ќе ги блокираат рекламите на Google

Објавено на 15.05.2015 во Новости



Европски оператори ќе ги блокираат рекламите на Google

Европските оператори Three кои се во сопственост на Hatchinson Whampoa ќе применет нов софтвер кој ќе им овозможи блокирање на интернет рекламите од гигантите како Google за да се ослободи интернет конекцијата и да се забрза сообраќајот, но нивните поголеми мотиви се всушност да соберат повеќе пари од огромната маркетинг индустрија.
 
Доколку Google и гигантите бидат автоматски блокирани ќе мора да споделат дел од профитот со операторите, а притоа на корисниците да им се гарантира одредена загарантирана интернет конекција која нема да ги оптоварува. 
 
Од Google се уште немаат коментар на одлуката на Three и интересно ќе биде да се види нивниот одговор, бидејќи значаен дел од профитот им зависи токму од таргетираните реклами. Засега нема детали дали други европски мобилни оператори ќе му се придружат на Three за блокирање на рекламите.