LG G4 со нови Stylus и Mini верзии

Објавено на 19.05.2015 во Новости



LG G4 со нови Stylus и Mini верзии

LG Mobile ги претстави двете нови верзии на LG G4 кои ќе бидат нешто поевтини од премиум моделот, но со нешто послаби компоненти кои се доволни за привлекување на купувачите во средната класа. LG G4 Stylus е нов фаблет кој ќе може да се управува и со функционално пенкало, додека пак вториот модел е LG G4c и е замислен како мини верзија на LG G4.
 
 
Љубителите на големи телефони ќе имаат можност да го одберат LG G4 Stylus со 5.7 инчен HD дисплеј, четири-јадрен процесор, 1 GB RAM, 8 GB меморија, со 3G конекција, како и нешто подобар модел со осум-јадрен процесор, 4G LTE мрежа и батерија од 3000 mAh.
 
 
Помалиот LG G4c доаѓа со 5 инчен HD дисплеј, исто така работи со четири-јадрен процесор чии спецификации не се откриени и е надополнет со 1 GB RAM, 8 GB меморија, како и батерија со капацитет од 2450 mAh.




Прочитајте повеќе: