По наредба на Путин Русија со свој оперативен систем

Објавено на 19.05.2015 во Новости



По наредба на Путин Русија со свој оперативен систем

Руското министерство за телекомуникации најави дека планира создавање на руски оперативен систем кој ќе им се спротистви на популарните мобилните платформи Android и iOS кои завземаат над 90 проценти од пазарното учество.
 
 
Николај Никифороф министерот за телекомуникации изјави дека новиот руски оперативен систем ќе биде изработен во соработка со финската компанија Jolla, ќе се базира на Linux и очекува дека до 2025 година половина од руските корисници ќе се префрлат на новиот систем. 
 
Руската влада како главни мотиви ги наведе и безбедносните пристапи на американските тајни служби во сите интернет и мобилни сервиси со што е загрозена приватноста на руските граѓани, бизнисмени и политичари. Голем придонес во новиот начин на оперирање на руската влада има и Едвард Сноуден кој доби азил во Москва откривајќи ги тајните на разузнавачките агенции.