Што ќе гледаме на Apple TV

Објавено на 21.05.2015 во Новости



Што ќе гледаме на Apple TV

За десетина дена Apple ќе ја одржи годинешната WWDC конференција за партнери и програмерина која ќе бидат откриени три клучни иновации, iOs 9, Apple Beats Music и секако Apple TV. По три години Apple TV ќе добие нов модел но, нема да се промени само кутијата туку се очекува целосно нова видео содржина со атрактивни ТВ канали, емисии, шоуа и филмови.

За таа цел ќе биде лансирана Apple TV App Store како нова онлајн продавница за сите ексклузивни и популарни содржини. Во делот на софвтерот протекоа информации дека Apple TV ќе има посебна апликација за управување директно од смарт часовникот Apple Watch со интеграција на гласовниот асистент Siri.

Засега не е позната цената на сет топ боксот Apple TV ниту па, колку ќе чинат видеата и претплатата за атрактивните тв канали.





Прочитајте повеќе: