Samsung ги сруши надежите за летен Galaxy Note 5

Објавено на 21.05.2015 во Новости



Samsung ги сруши надежите за летен Galaxy Note 5

J.K. Shin директорот на Samsung Mobile навистина ги разочара верните фанови со демантирање на веста дека новиот Galaxy Note 5 ќе добие предвремена промоција во текот на летото, со што
останува да го очекуваме фаблетот на почетокот на есента во септември како и досега.

Причината за овие шпекулации за Galaxy Note 5 беа поврзани со трката која Samsung сака да ја добие со Apple и нивниот следен смартфон iPhone 6s Plus за кој исто така се шпекулира дека ќе пристигне порано од вообичаено, па корејците сакале да ги пресечат навреме нивните планови.

Samsung Galaxy Note 5 без оглед кога ќе биде промовиран сигурно ќе направи вистински бум бидејќи се очекуваат моќни компоненти кои никого нема да остават рамнодушен. Затоа нема да имаме проблеми да се стрпиме, а ова лето ќе се потрудиме да најдеме некоја друга жешка тема.