Русија ги предупреди Facebook, Twitter, Google

Објавено на 22.05.2015 во Новости



Русија ги предупреди Facebook, Twitter, Google

Руската агенција за телекомуникации Roskomnadzor ги предупреди интернет гигантите Facebook, Twitter, Google да внимаваат во своето работење и да ги почитуваат законските прописи на државата во која работат. Facebook, Twitter, Google се предупредени дека ќе мора да ги проследуваат информациите од блогерите кои дневно имаат над 3000 посетители, но и да ги отстранат сите сајтови кои повикуваат на насилство и немири.

Рускиот закон за интернет комуникации е прилично рестриктивен во одредени области и може без судски налог да се затвораат портали поради нивната содржина, но со аргумент дека се штити одредено право.
 
 
Исто така сајтовите и блоговите со голем број на читатели мора да се регистрираат во државната агенција со листа на импресум. Facebook, Twitter, Google досега одговориле на голем дел од барањата на Roskomnadzor, но во одредени случаи не ги испочитувале налозите што може да ја налути Руската влада.
 
Автор: Aleksandar Stankov