Промовиран Sony Xperia Z3 Plus - На исток ништо ново

Објавено на 27.05.2015 во Новости



Промовиран Sony Xperia Z3 Plus - На исток ништо ново

Sony Mobile по мал период на чекање ја лансираше и интернационалната верзија на Xperia Z4 кој ја напушти Јапонија со новото име Sony Xperia Z3 Plus, но со старите компоненти. Sony Xperia Z3 Plus сигурно нема премногу да ве воодушеви бидејќи има речиси идентичен изглед како и претходните модели, без никакви естетски промени, освен што има за нијанса потенко тело од 6.9 милиметри, но за сметка на послаба батерија која сега има капацитет од 2900 mAh.
 
 
Sony Xperia Z3 Plus единствената поголема промена на подобро ја има во делот на хардверот каде е искористен 64 битниот осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 810 процесор, со Adreno 430 GPU, 3 GB RAM, 32 GB меморија и 4G LTE конекција. 
 
 
Како и ланскиот модел Sony Xperia Z3 Plus располага со 20.7 мегапикселна Exmor камера но, подобрувања има кај селфи камерата која сега има сензор од 5 мегапиксели. Sony Xperia Z3 Plus работи со Android 5.0 Lollipop и веќе може да се најде на интернет со почетна цена од превисоки 850 долари.
Автор: Aleksandar Stankov