Microsoft започна со покани за бесплатен Windows 10

Објавено на 01.06.2015 во Новости



Microsoft започна со покани за бесплатен Windows 10

Microsoft започна да доставува покани до поголем број на корисници на Windows 7, 8 и 8.1 за навреме да ја резервираат бесплатната надградба со најновата верзија на Windows 10 која како што дознавме неодамна ќе биде достапна за инсталирање до крајот на август, а потребно е да имаат најмалку 3 GB слободен простор.
 
 
Во поканата Microsoft потврди дека надградбата за постоечките корисници на легален Windows ќе биде бесплатна и ќе биде во целосна верзија што значи дека нема потреба од тестирање на пробен софтвер и доплаќање.
 
 
Ова се одлични вести бидејќи Windows 10 ќе понуди голем број на софтверски новитети како Cortana, Edge и унифицирана Windows Store база на апликации и игри. Во овој момент се уште останува дилемата дали надградбата ќе важи и за корисниците на пиратски софтвер, односно дали ќе може да ја земат надградбата легално и колкава сума на пари ќе треба да одвојат.