Новиот Google Nexus со скенер за мобилни плаќања

Објавено на 01.06.2015 во Новости



Новиот Google Nexus со скенер за мобилни плаќања

Google се уште нема лансирано смартфон со скенер за отпечатоци но, планира што побрзо да се приклучи на овој тренд во мобилната индустрија. За таа цел го промовираше најпрво Android Pay системот преку кој ќе се вршат мобилни плаќања и трансакции, а како прв смартфон кој ќе биде дел од оваа програма е новиот Nexus 5 2015 Edition.
 
 
Google во својот кампус има креирано и повеќе пробни модели на Nexus 5 кои имаат вградено скенери за отчитување на отпечатоци од прстите и се уште не е одлучено дали ќе биде поставен на предната или на задната страна. Nexus 5 2015 Edition најверојатно повторно ќе биде изработен од LG Mobile, а во игра е и Huawei кој ќе биде задолжен за поголемиот смартфон со големина до 6 инчи.