Drake, Pharrell и DJ Guetta главни ѕвезди на Apple WWDC

Објавено на 02.06.2015 во Новости



Drake, Pharrell и DJ Guetta главни ѕвезди на Apple WWDC

Apple ќе одржи уште една инспиративна конференција за сите програмери и партнери која покрај претставувањето на напредокот во софтверот и хардверот, ќе понуди и голема забава за присутните. Како музички ѕвезди на iTunes Radio шоуто ќе настапат раперот Drake, музичарот и продуцент Pharrell и DJ Guetta. 
 
 
Музичката забава на Apple најверојатно ќе продолжи и со најавата на новиот стриминг сервис кој ќе се базира на Beats Music со понуда на огромен избор на песни од најголемите музички ѕвезди. Новата апликација Beats Music ќе биде дел од iOs 9 системот, но најверојатно ќе пристигне нешто подоцна во септември кога корисниците ќе може да ја превземат.
 
 
Конференцијата Apple WWDC 2015 ќе започне на 8 и ќе трае до 10 јуни, а корисниците на Apple TV ќе може да ја гледаат во живо. Пренос најверојатно ќе има и преку iTunes за корисниците на MacOS и iOS.
 




Прочитајте повеќе: