Oppo ќе ги носи боите на Барселона

Објавено на 02.06.2015 во Новости



Oppo ќе ги носи боите на Барселона

Атрактивниот кинески бренд Oppo стана нов спонзор на фудбалскиот клуб Барселона со цел полесно да стигне до меѓународните пазари, особено во Европа каде нема директна продажба. Oppo секогаш сме го издвојувале како бренд кој посветува многу внимание на дизајнот, иновациите и квалитетот, а тоа го потврдија со повеќе екстра смартфони.
 
 
Oppo ќе биде присутен на Камп Ноу во наредните години и се очекува снимање на повеќе реклами со фудбалските ѕвезди од Барселона. Интересно е што Лионел Меси е главна ѕвезда во рекламите на Samsung Galaxy и ќе биде чудно доколку го видиме во клубскиот дрес со Oppo телефон во рака.
 
Автор: Aleksandar Stankov