Acer Predator 8 - Ѕверски таблет за гејминг

Објавено на 03.06.2015 во Новости



Acer Predator 8 - Ѕверски таблет за гејминг

Гејмерските таблети се уште се реткост на пазарот и ретко се случува производителите да се охрабрат на ваков потег. Тоа не важи за Acer кој го најави најновиот Predator 8 таблет опремен со моќниот Intel Atom X7 процесор со четири јадра од 1.6 GHz, дополнителна компјутерска моќ преку Burst режимот на работа и Intel HD графичка со 16 јадра. 
 
 
Acer Predator 8 се издвојува и со уникатниот дизајн кој потсетува на куќиштата на моќните гејмерски конзоли, па сите гејмери ќе имаат повеќе шанси да се запознаат со неговите перформанси во текот на летото кога ќе се случи и неговиот пласман.
Автор: Aleksandar Stankov