HTC One MЕ е првиот смартфон со најмоќниот Helio X10 процесор

Објавено на 04.06.2015 во Новости



HTC One MЕ е првиот смартфон со најмоќниот Helio X10 процесор

HTC мораше да ги замолкне сите критичари на кои не им се допадна најновиот One M9 кој е оценет како недоволно атрактивен, па затоа веднаш се активираше со HTC One MЕ нов ѕвер кој ќе работи на осум-јадрен Mediatek Helio X10 процесор со напредна технологија. 
 
 
Mediatek Helio X10 процесорот ја користи 64 битната архитектура, има осум јадра од 2.2 GHz, со подршка за екрани со 120 mhz, 480 fps видео квалитет, врвни перформанси на камерата со инстантен фокус и супер забавена снимка, најбрза 4G LTE Cat 9 конекција, LPDDR3 RAM и врвна графика.
 
 
Сите овие бенефити ќе може да ги користи HTC One MЕ како еден од најмоќните смартфони на пазарот, надополнет со 5.2 инчен Quad HD дисплеј, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 20 мегапикселна камера, скенер за отпечатоци, BoomSound звучници, подршка за две SIM картички како и батерија со капацитет од 2840 mAh. 
 
 
HTC One MЕ ќе биде лансиран во златна, темно сива и кафена боја и очекуваме покрај во Азија, да добие и меѓународен пласман.