Facebook Messenger по скандалите ќе ја чува вашата локација

Објавено на 05.06.2015 во Новости



Facebook Messenger по скандалите ќе ја чува вашата локација

Facebook Messenger доби неколку значајни промени при споделувањето на локацијата која е видлива во разговорите со вашите пријатели. Наместо постојано да се гледа вашата локација утврдена преку GPS во испратената порака, сега ќе може сами да одлучите дали ќе саката да се знае каде се наоѓате или не.
 
 
Исто така ќе имате можност да споделувате и информации за планирани локации, на пример се договарате за средба во кафе бар или ресторан и испраќата мапа и слики на соговорникот за конкретното место. Инаку постојаното гледање на вашата локација го користел и Google преку скандалозната компанија Marauders Maps.
Автор: Aleksandar Stankov