Hound асистентот е покорисен од Siri и Cortana

Објавено на 05.06.2015 во Android



Hound асистентот е покорисен од Siri и Cortana

Компанијата SoundHound изненади со најновиот гласовен асистент за кој тврди дека е многу поефикасен од Siri и Cortana кои се наоѓаат на големите популарни платформи бидејќи апликацијата е развивана 10 години и се базира на софтвер за препознавање и анализа на аудио.
 
 
Успехот на Hound асистентот се бара во искуството на SoundHound во процесот на препознавање на песни и сега се користат слични методи при што говорните команди на корисникот се анализираат на потемелен начин и се добива контекст на секојдневниот говор, а не само на однапред подготвени програмирани фрази.
 
 
Токму затоа може да внесувате многу специфички команди кои Hound ќе ги препознава и ќе ви даде конкретни предлози базирани на интернет пребарувања. Hound апликацијата е лансирана за Android и ќе биде интересно да се види дали ќе успее да го надмине асистентот Google Now, а подоцна Siri и Cortana.