Star Wars: Uprising ќе ја загрее атмосферата за Force Awakens
Објавено на 05.06.2015 во Игри
Оваа година сигурно ќе биде одбележана од силната еуфорија за новото продолжение на Star Wars сагата Force Awakens,а фановите покрај уживањето во кино салите ќе може да се загреат со најавената игра Star Wars: Uprising која доаѓа и за смартфон.
Според најавите Star Wars: Uprising ќе припаѓа на RPG жанрот што ќе ви овозможи целосно влегување во новиот свет на Star Wars со ликовите и хероите кои допрва ќе ги запознаеме, како и со положбата на темната страна и можните наследници на Darth Vader.
Во Star Wars: Uprising ќе имате можност да играте како ловец на уцени, бунтовник или дипломат, а лансирањето за Android и iOs ќе се одржи во текот на есента, пред премиерата на филмот Star Wars: Force Awakens.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.