Во Chrome ќе пребарувате само со допир

Објавено на 08.06.2015 во Новости



Во Chrome ќе пребарувате само со допир

Google ја воведе најновата Touch to Search опција и во интернет прелистувачот Chrome со што ќе може да пребарувате на интернет директно од било која веб адреса која моментално ја посетувате. 
 
 
На овој начин преку Touch to Search ќе добиете многу порелевантни резултати, на пример ако се наоѓате на спортска страна ќе ви се појават попрецизни спортски извори, а ако сте на страна за забава или политика самиот термин полесно ќе ги пронајде резултатите кои ќе ви бидат од корист. Touch to Search претходно беше воведен и во Google Now апликацијата.