Xiaomi Redmi 2A ја сруши конкуренцијата со цена од 70 евра

Објавено на 08.06.2015 во Новости



Xiaomi Redmi 2A ја сруши конкуренцијата со цена од 70 евра

Xiaomi повторно ги сруши долните бариери на ценовната политика со најновиот Xiaomi Redmi 2A кој ќе се продава по цена од само 70 евра со идеални перформанси за основната класа и пристоен квалитет на изработка на телото. 
 
 
Xiaomi Redmi 2A доаѓа со 4.7 инчен HD 720p дисплеј, работи на Leadcore процесор со четири јадра од 1.5GHz и Mali-T628 MP2 GPU, 1 GB RAM, 8 GB меморија, 8 мегапикселна камера, 4G LTE конекција и батерија со капацитет од 2200 mAh. Xiaomi Redmi 2A го користи Android 5.0 Lollipop системот кој во голема мера е изменет со MiUI 6.0 интерфејсот.
 
 
Цената воопшто не е показател за неговата моќ, бидејќи Xiaomi Redmi 2A користи Leadcore процесор кој е многу поевтин, а оваа компанија има ексклузивен договор со Xiaomi за набавка по дампинг цени.
 
Автор: Aleksandar Stankov