Asus телефоните се движат кон врвот

Објавено на 09.06.2015 во Новости



Asus телефоните се движат кон врвот

Asus вложи многу средства со серијата на Zen смартфони и ризикот да ја напушти безбедната зона на лаптопи се исплатеше бидејќи компанијата за разлика од многу Android конкуренти успеа да забележи профит.
 
 
Заработката на Asus се должи на одличната продажба на Zen смартфоните кои понудија совршен спој на ниски цени до 300 долари со солидни перформанси и квалитетна изработка на дизајнот, а меѓу нив фаворит е Asus Zen Fone 2 со 4 GB RAM и Intel Atom процесор. 
 
Само во мај продадени се околу 1.5 милиони Asus ZenFone смартфони, а успехот се очекува да продолжи и со Asus ZenFone Selfie кој има 13 мегапикселна предна камера со LED блиц.
Автор: Aleksandar Stankov