iPhone 6S со идеална камера за селфи фотки

Објавено на 11.06.2015 во Новости



iPhone 6S со идеална камера за селфи фотки

Apple полека го намалува отпорот кон новите трендови кај конкурентите од Android сферата и свесен е дека треба да понуди нешто поквалитетно за селфи фановите. Токму затоа протекоа информации дека предната камера на iPhone 6S ќе има најмалку 5 мегапиксели, со LED блиц и можност за снимање на Full HD видеа со 1080p, како и HD видео повици.
 
 
Исто така е откриено дека софтверската подршка за селфи камерата на iPhone 6S е овозможена во најновата верзија на оперативниот систем iOs 9 кој ќе пристигне во исто време како и премиум смартфонот, поточно во септември. Подобрување сигурно ќе има и кај главната камера која ќе има 12 мегапиксели.