Кога се мора - BlackBerry наскоро со прв Android смартфон

Објавено на 12.06.2015 во Новости



Кога се мора - BlackBerry наскоро со прв Android смартфон

BlackBerry и покрај сите напори и промената на маркетинг стратегијата се уште не може да исплива на површина бидејќи нивните смартфони со екрани на допир едноставно купувачите не ги сакаат, па најголема вина се бара во оперативниот систем кој нема никаква атрактивна понуда. Затоа во време на очај BlackBerry ќе треба да ја проголта својата гордост и да лансира Android смартфон.
 
 
Оваа идеја и претходно била предложувана од голем број на фанови за кои BlackBerry смартфон со карактеристичен дизајн и квалитет и со Android оперативен систем би бил идеална комбинација. На овој начин BlackBerry ќе добие целосен пристап до софтверот и апликациите на Google, а ќе се наметне и на многу поширок пазар. Опасноста е дека традиционалните фанови ќе се разочараат од BlackBerry но, кога состојбата е веќе ризична за опстанок на брендот тогаш вреди да се ризикува. 
Автор: Aleksandar Stankov