Новиот Sony Xperia M4 Aqua - перете го без проблем

Објавено на 13.06.2015 во Новости



Новиот Sony Xperia M4 Aqua - перете го без проблем

Sony неодамна започна со промотивна кампања, каде детално објаснува дека нашите смартфони може да бидат погнасни и од јавен тоалет. Компанијата така го претставува својот нов модел Xperia М4 Aqua, за кој вели дека е телефон што може да го перете без проблем.



Нашите смартфони се здобиваат со бактерии на јавни места: во метро, ресторани, јавни тоалети и сали за вежбање, при што е многу важно редовно да се чистат. Телефоните може да ги чистите со тоалетна хартија, алкохолни марамчиња или UV средства за чистење, но наједноставен начин е да го исперете телефонот. За да можете убаво да го измиете, значи дека ќе мора да имате водоотпорен смартфон, односно Xperia М4 Aqua е идеалното решение за вас.



Освен тоа што е водоотпорен, Sony Xperia М4 Aqua ги има следните карактеристики под хауба: 5-инчен 720 x 1280 дисплеј, високо рангиран Snapdragon 615 процесор, 2GB RAM меморија, 2400mAh батерија и 16GB, т.е. 32GB меморија со microSD картичка. Xperia М4 Aqua е опремен со 13MP задна и 5MP предна камера.



Ако сакате да дознаете повеќе детали, може да одите на веб-страницата Dirtyphones. Таму имате статистички податоци, кои објаснуваат колку бактерии содржи еден просечен смартфон. 92% од сите смартфони на светот содржат одреден вид на бактерија, додека 16% од нив имаат Еширихија Коли - бактерија што обично се наоѓа во човечкиот измет.



Моментално моделот Xperia М4 Aqua е достапен на Amazon во отклучена верзија, за цена од 349 долари.





Прочитајте повеќе: