Доаѓа виртуелен гејминг на Oculus во нови димензии

Објавено на 13.06.2015 во Новости



Доаѓа виртуелен гејминг на Oculus во нови димензии

Oculus го претстави новиот тракер Oculus Touch кој ќе служи како контролер за видео игрите со виртуелна реалност и ги објасни деталите за првите игри со целосно 3D искуство. Контролерот ќе биде дел од новиот пакет на Oculus наменет за широката потрошувачка, а ќе бидат вклучени и слушалки за позициониран звук и камера.
 
 
Oculus Touch ќе биде фантастичен контролер кој ќе ја препознава позицијата на вашата рака и прсти и ќе може да ги пренесе сите команди, со различен сензитет во различни ситуации, што дава дополнително чуство на реалност. Дисплејот ќе има 2K HD резолуција со квалитетен видео пренос и HD звук. 
 
 
Пласманот на Oculus очилата со Oculus Touch, со првите игри Insomniac и Oculus Home, како и целосна 3D содржина ќе се случи дури на почетокот на 2016-та, па вреди да се почека.