Facebook Messenger за 3 месеци - 100 милиони регистранти

Објавено на 13.06.2015 во Новости



Facebook Messenger за 3 месеци - 100 милиони регистранти

Facebook Messenger е незапирливо копиле и немилосрдно се бори на пазарот на социјални мрежи и апликации, рушејќи се пред себе. Според извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг, Facebook Messenger достигнал вкупно 700 милиони регистрирани корисници од цел свет.



Пред неколку дена, Facebook Messenger ја надмина бројката од 1 милијарда симнувања на Android, со што се класифицира како една од најчесто преземаните Android апликации.



Последниов март, Facebook потврди дека има 600 милиони регистрирани корисници на Messenger, што испраќаат пораки само преку мобилни апликации. Ова значи дека сервисот за само три месеци ги зголемил своите корисници за дополнителни 100 милиони. Но, тие не се активни корисници, туку вкупната бројка на регистрирани корисници.



За време на лансирањето на Facebook Messenger минатото лето, немаше многу значајни функции и можности кај тогашниот нов сервис за пораки. Наместо Facebook да се помири со резултатите, тој ја усоврши апликацијата до тој степен што таа стана навистина голем и широко користен бренд, кој подоцна прерасна во посебна електронска платформа за трговија, која може да се користи за апликации и игри. Неодамна беше најавено и дека Facebook го подобрува својот систем за локации на Messenger, што би можело да значи дека како апликација има интерес да се интегрира и во автомобилскиот бизнис. Се надеваме дека наскоро ќе излеземе со нови информации и за тој дел.