Моето такси им олеснува и на патниците и на возачите

Објавено на 15.06.2015 во Македонски апликации



Моето такси им олеснува и на патниците и на возачите

Брзате на работа, на училиште, факултет или пак едноставно ви треба такси за да одите на кафе со пријателите? Со апликацијата Моето Такси брзо и едноставно може да повикате Наше Такси во секое време. Со новата апликација Моето Такси, повикувањето такси е полесно од било кога. Брзо и едноставно од својот смарт телефон патникот повикува такси возило, го следи додека не пристигне до бараното место, а во исто време може и директнода комуницира со такси возачот.

Moeto Taksi - screenshot

„На почетокот бев скептичен за новиов начин на повикување такси, сè додека не видов колку е едноставна апликацијата. Сега со помош на апликацијата сум во директна комуникација со патникот и секогаш доаѓам на точната локација." - Владимир Глигоров такси возач на Наше Такси.

"Си повикувам такси преку апликацијата, го следам неговото приближување и знам кога да се симнам пред зграда за да се качам во такси. Ако на возачот му е тешко да ме најде, лесно се разбираме преку директната комуникација." -Александар, патник на Наше Такси.

Moeto Taksi - screenshot

Донка Лазаревска од компанијата Наше Такси тврди дека со новата апликација значително се олесни комуникацијата со патникот. Бенефитот е видлив при секој повик, не се губи време, нема забуни околу местото за качување на патникот, а во исто време може да се оствари директна комуникација патник со возач, нешто кое до сега не било возможно.

Moeto Taksi - screenshot

Бидете и вие дел од патниците кои го уживате овој бенефит. Сè што треба да направите за да ја преземете апликацијата Моето Такси на вашиот андроид телефон, е да го скенирате овој QR код: 

или да ја преземете од GooglePlay.