Xiaomi ќе има помоќни и поевтини смартфони

Објавено на 16.06.2015 во Новости



Xiaomi ќе има помоќни и поевтини смартфони

Кинеските медиуми имаат возбудливи вести за плановите на Xiaomi кој наскоро ќе започне со производство на сопствена серија на мобилни чипсети кои ќе бидат прилично моќни и ќе го заменат „евтиниот силикон“ на Leadcore. 
 
 
Според извештаите Xiaomi чипсетите ќе го имаат истото ниво на перформанси како и Qualcomm процесорите со новата технологија за брзо полнење. Првите смартфони кои ќе бидат опремени со овој новитет се од Xiaomi Redmi серијата и поради сопственото производство на хардвер може да се очекуваат и многу пониски цени.