SpaceX ќе го гради Hyperloop - супербрз и футуристички превоз

Објавено на 17.06.2015 во Новости



SpaceX ќе го гради Hyperloop - супербрз и футуристички превоз

Како што можеше да се очекува, SpaceX ќе го гради супербрзиот футуристички превоз Hyperloop. Компанијата засега ќе изгради лента со должина од 3-милји во Калифорнија, со цел да ја тестира технологијата една година. Инаку, ова е прв пат официјално да се појават конкретни планови за изградба на ваков вид на транспорт.



Елон Маск прв пат ја објави идејата за овој вид на транспорт во летото 2012 година, но немаше време досега да се занимава со неа ова. Јавноста тогаш позитивно реагираше на иновативната идеја на Маск. Тој го опишува Hyperloop како шатл за транспортирање на стока и патници од Лос Анџелес до Сан Франциско за само 35 минути. Шатл би патувал со брзина од околу 1200 км/ч.



Елон Маск со својата иновативна идеја веднаш ги заинтригирал другите компании, кои немаат никаква врска со SpaceX, ниту со него, а веќе се фрлија на работа за развој на ваков вид на превоз. Ако ве интересираат повеќе информации за Hyperloop, можете овде да ја разгледате целата документација, а на видеото одоздола можете да видите видите со каква неверојатна брзина ќе се движи Hyperloop.