Skype е достапен сега и на веб

Објавено на 17.06.2015 во Новости



Skype е достапен сега и на веб

Skype одлучи да ги прошири своите услуги на видео разговори, т.е. ќе им овозможи на своите корисници да остваруваат повици, видео повици и пораки преку веб пребарувачот - "Skype for Web". Сервисот беше одредено време достапен, но само за одредени корисници..



Овој начин на пријавување на Skype отсега е достапен за сите корисници. Ако сакате да се приклучите, можете на овој линк, каде треба да ги внесете корисничкото име и лозинката. На прв поглед изгледа како да е се функционално и чисто, што е одлична вест за сите што сакаат да зачуваат простор на своите смартфони. Значи, нема потреба да поседувате апликација Skype, сервисот е наменет најмногу за корисниците на мобилни уреди, кои ретко пристапуваат на интернет преку компјутер.



Новата опција ќе ги израдува најмногу корисниците на Chromebook лаптоп и Linux, корисниците, со оглед на тоа што досега не можеа да користат Skype for Web за размена на пораки. Истите веќе нема да имаат таков проблем.

Автор: Aleksandar Stankov