Доказ дека S6 Active е водоотпорен

Објавено на 17.06.2015 во Новости



Доказ дека S6 Active е водоотпорен

На повеќе начини, Samsung Galaxy S6 Active е подобар телефон од својата обична верзија. Има многу поголем капацитет на батеријата и отпорен е на вода. Згора на тоа, Samsung успеа да го постигне ова и да ја зачува истата дебелина на телефонот - 8,6 мм - што е далеку подобро од вообичаените мобилни телефони што ги гледаме.



Па, што мислите, колку добро се снаоѓа S6 Active со своите водоотпорни способности? Судејќи од тестот од ова видео со потопувањето во аквариум полн со вода, во рок од половина час. Потоа го фрлаат од височина колку што е таванот висок, при што преживува. Понатаму го потопуваат со капки вода, при што се покажало дека смартфонот е одличен и ги задржува капките вода без проблем. Samsung Galaxy S6 Active ги преживеа сите овие ситуации, кои би биле многу тешки за други смартфони. Секоја чест.