Meizu M2 Note со солидни перформанси за 169 долари

Објавено на 17.06.2015 во Новости



Meizu M2 Note со солидни перформанси за 169 долари

Ако барате фаблет со ниска цена, голем екран и солидни перформанси, ова е тоа за вас. Сигурни сме дека најновиот миленик на пазарот ќе биде Meizu M2 Note, со најновиот Android 5.1.1 Lollipop. Фаблетот со дисплеј од 5.5 инчи доаѓа со голем број на весели пастелни бои и поликарбонатна маска и куќиште од магнезиумска легура. Екранот има 1080p со 450 нити на светлина и сооднос на контраст од 1000:1, со најновиот 64-битен octa-core MediaTek MT6753 процесор, 2 GB RAM меморија, 13 MP задна камера со двоен LED блиц, и 5 MP предна камера.



Телефонот има 4G со можност за ставање на две СИМ картички, а црешата на врвот на тортата е тоа што Meizu има солидна батерија од 3100 mAh - нешто што не се гледа често на телефонската сцена. Се прашувате во што е поентата што цената е ниска? Преднарачките се во тек, а испораката започнува на 5-ти јули. За М2 Note може да се извршуваат пред-нарачки кај реномираните кинески онлајн продавачи за 173,99 долари, но со шифрата „M2NOTE“ од купонот за попуст, може да го најдете за 169 долари. Повеќе детали може да најдете на GearBest