Откријте пропуст во Android и заработете до 40.000 долари

Објавено на 21.06.2015 во Новости



Откријте пропуст во Android и заработете до 40.000 долари

Google е подготвен да плати 2.000 долари за откривање на недостатоци во најновите генерации на Nexus мобилните и таблетите, а износот дури и ќе се зголеми ако најдете решение да го поправите. После успешната програма од 2014 година, кога Google плати над 1.5 милиони долари за откривање на ранливоста и безбедносните пропусти во Chrome, технолошкиот гигант сега повторно нуди нова наградна програма, наречена „Android Security Rewards Program“. Најголемата награда изнесува 40.000 долари, а ќе се доделува и на оној што ќе најде критични грешки во нивниот Android.



„Одлуката за да се прошири наградната програма од Chrome на Android, беше неизбежна. Гледаме дека мобилните телефони стануваат се поважна алатка кога станува збор за поврзување на интернет. Нашата цел е оваа програма да стане постојана и добро платена работа за безбедносните истражувачи, кои имаат способност да пронајдат пропусти и недостатоци во нашиот Android“, објаснува Адријан Лудвиг, шеф за безбедност на Android во Google.



Мора да се признае и да му се даде рака на технолошкиот гигант Google, кој умее да пронајде начин ефикасно да реши проблем и притоа да потроши помал износ на пари. Ако го умеете програмерството и се разбирате во апликации, фрлете се на работа и заработете добри пари.