Како Тејлор Свифт успеа да го порази Apple

Објавено на 23.06.2015 во Новости



Како Тејлор Свифт успеа да го порази Apple

Apple беше под голем притисок дали ќе успее на време да го лансира новиот музички сервис Apple Music бидејќи се шпекулираше дека голем број на музички компании се незадоволни од односот на гигантот кој мисли дека може да купи се со своите милијарди. Овие гласини ги потврди популарната пејачка Тејлор Свифт можеби му го нанесе првиот пораз на Apple со отвореното писмо во кое одбива нејзиниот албум 1989 да се најде во понудата на Apple Music поради неисплаќањето на авторски права.
 
 
Тејлор Свифт откри дека голем дел од музичарите не добиваат паричен надомест во првите три месеци од пласманот на нивната музика на iTunes, но многумина од нив се плашат јавно да говорат бидејќи премногу го почитуваат Apple и се плашат за договорите со продуцентските куќи.
 
 
По голематo внимание кое го привлече Тејлор Свифт во медиумите, Apple мораше да ја признае грешката и Еди Кју еден од директорите задолжен за iTunes се извини за оваа неправда и најави промени во кои изведувачите и артистите ќе добиваат надомест за својот авторски труд. Apple Music наскоро ќе биде пуштен во употреба со месечна претплата од 9.99 долари, а претходно вложени се околу 3 милијарди долари со откупот на Beats Music.